Кардиолозите  велат дека за срцето е најдобро да јадете секој ден бобинки, јаболка и банани.

– Сепак, секое овошје може да ви помогне да го намалите високиот крвен притисок, атеросклерозата, како и за зацврстување на самите артерии – рекол за „Парада“ кардиологот Дипак Вивек.

Овошјето има различни хранливи вредности и здравствени придобивки, а д-р Вивек и другите кардиолози ги откриваат своите омилени оброци за зајакнување на здравјето на срцето. Вивек рекол дека сака јаболка, бидејќи тие се добар извор на антиоксиданти, влакна, витамин Ц и калиум – а исто така имаат низок гликемиски индекс, така што помагаат во намалувањето на ризикот од дијабетес тип 2.

– Мислам дека ми даваат посебна енергија, но и ги спречуваат грчевите во мускулите – објаснил д-р Вивек, пренесува „Њујорк пост“.

– Се покажа дека влакната го намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол, два главни показатели за ризикот од срцеви заболувања – рекол д-р Сатјит Бусри.

Омилени грицки му се несолените јаткасти плодови, сувотото овошје и бобинките.

– Овошјето како што се боровинки, малини, имаат највисоко ниво на антиоксиданти, кои се одлични за заштита на вашето срце – рекол тој.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.