По вчерашниот пожар кој избувна во зграда во Чаир по што беа хоспитализирани над 40 лица кои вдишиле чад, д-р Нико Беќаровски на својот фејсбук профил даде сеопфатно објаснување како лицата може да се затрујат од чадот при пожар во внатрешна просторија.
При пожари во затворени простории, кога температурата ќе достигне 315°С а има присуство на различни пластични материи како полиуретан, винил, акрил, најлон свила, волна се создаваат многу токсични и смртоносни ЦИЈАНИДИ (CN-) во чадот, напиша Беќаровски.
„Луѓето кои имаат саѓи во устата или носот, разни степени на пореметувања на свеста, хипотензија и лабораториски детектирана концентрација на цијаниди >40mmol/l имаат акутно труење со цијаниди.
СЕКАКО АКО МОЖЕ ДА СЕ ОДРЕДИ.
Кај овие изложени лица покрај високите концентрации на кислород неопходно е да се даде ПРОТИВОТРОВ коктел од натриум нитрит и натриум тиосулфат.
СЕКАКО АКО ВОПШТО ГИ ИМА.
Во нормалните држави постои и таканаречен (Cyanokit) интравенски раствор од hydroxocobalamin. Во нормалните држави СЕКОГАШ ГО ИМА.
Доаѓа период во кој пожарите во затворени простории ќе стануваат се почести.
Македонските граѓани оддамна се хронично отруени со Р.М. честички и разни други гасови, па можеби дел од нив ќе успеат да ги преживеат и акутните труењата со цијаниди при следните пожари.
При пожари во затворен простор ставете барем крпа, шал, маица преку Вашиот нос и уста, за да ја намалите концентрацијата на вдишани цијаниди, бидејќи за жал кај нас антидоти н…, нагласи Беќаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.