Бактериските инфекции се втора водечка причина за смрт во светот по срцевите заболувања, покажа сеопфатна студија во која како најсмртоносни меѓу бактериите се посочени Staphylococcus aureus (златната стафилокока) и пневмококата.
Со студијата чии резултати беа објавени во специјализираното медицинско списание „Lancet“, се опфатени триесетина бактерии – најчести причинители на инфекции, со обид на научниците да ја проценат поврзаноста на бактериите со бројот смртни случаи. Истражувањето е спроведено како дел од таканаречениот „глобален терет на болестите“.
Големата истражувачка програма финансирана од фондацијата „Бил Гејтс“ е од неспоредливи размери, со вклученост на неколку илјади истражувачи од голем број земји ширум светот. Авторите заклучија дека „случаите поврзани со проучуваните бактерии претставуваат втора водечка причина за смрт во светот” по коронарните срцеви заболувања, кај кои се издвојуваат срцевите удари.
Од 7,7-те милиони смртни случаи поврзани со бактериски инфекции, секој осми е последица на ефектите од Staphylococcus aureus и пневмококна инфекција. Податоците датираат од 2019 година, пред пандемијата на Ковид-19.
На пет од избраните триесет бактерии им се препишуваат половина од смртните случаи – staphylococcus aureus, Escherichia coli, pneumococcus, Klebsellia pneumoniae i bacillus pyocyanin. Златната стафилокока е „водечка причина за смрт предизвикана од бактериска инфекција во 135 земји“, покажа студијата.
Најсмртоносни кај децата на возраст под пет години се пневмококните инфекции.
Истражувачите велат дека овие резултати се јасен показател дека бактериските инфекции се „итен приоритет” во јавното здравство. Оттаму апелираат на ангажман за превенција од инфекции, помудро препишување антибиотици, особено за да се избегне отпорност на тиее лекови, како и поефикасна употреба на вакцините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.