Нема опасност од поголемата концентрација на афлатоксинот во млекото. Тој токсин секогаш го има во мали концентрации, но треба многу, многу да се конзумира, за да се појави реакција кај човекот, смирува проф. д-р Никола Пановски, микробиолог и претседател на Мултисекторката комисија за контрола на антимикробна резистенција по последните информации за повлечени од продажба на млечни производи со повисока концентрација на афлатоксини.

Афлатоксинот го произведеува мувлата, која се вика аспрегилус флавус (Aspergillus flavus). Од тука доаѓа името афла. Таа се наоѓа во предели со влажни услови, а често знае да се најде во силосите каде што се чува житото. Потоа, ако го дадат тоа жито на кравите, најчесто пченка, се случува во млекото на кравите да се јави тој токсин во поголеми концентрации. Тој токсин секогаш го има во мали концентрации, но треба многу, многу да се конзумира, па за да се појави реакција кај човекот. Граѓаните нека не се плашат, да си речат: леле, испив една чаша, сега што ќе ми стане. Ништо нема да им стане. Треба години, години да го пијат, па да се покаже некаков симптом, вели Пановски за МКД.мк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.