Афлатоксинот е искличително токсичен кај децата во развој и може да предизвика ментални нарушувања, смета д-р Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија во Скопје.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) неодамна откри дека има зголемено присуство на афлитоксин во млекото „УХТ ТРАЈНО МЛЕКО“, „МИЛКАНО“ 3,2% кое беше достапно на македонскиот пазар преку увоз од Босна и Херцеговина, а потоа и во јогуртот „Баланс плус“ од еден литар.

Овие производи беа повлечени од пазарот поради неусолалсеност на концентацијата на афлатоксини кои се потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Последиците зависат од индивидуалниот имунолошки одговор.

Д-р Чибишев објаснува дека афлитоксинот може да предизвика болести на црниот дроб, намалена екифкасност на имунитетот.

Повисокото количество на афлатоксин може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Тоа има афинитет кон ендокриниот систем и кон жлездите со внатрешно лачење, кон имуноошкиот систем, а посебно кон оној дел од имунолошкиот систем којшто ја дава отпорноста кон вируси. Она што е најтрагично е што исклучително токсичен за децата во развој, го успорува нивниот развој и делува врз менталниот развој, вели д-р Чибишев.

Според д-р Чибишев, оние кои конзумирале производи со зголемена концентрација на афлатоксин треба да се јават кај матичните лекари за лабораториски испитувања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.