Бубрезите се витален дел од човечкото тело бидејќи тие се одговорни за чистење на токсините во него. Затоа, стручњаците препорачуваат да се избегнуваат четири специфични намирници за да се одржи нормалната работа на бубрезите.

Црвеното месо треба да се јаде не повеќе од 2-3 пати неделно. Камењата во бубрезите се една од компликациите кои можат да настанат како резултат на претерување со црвено месо.

Вештачките засладувачи како замена за шеќерот може да доведе до разни компликации, особено за бубрезите. Затоа, најдобро е целосно да се избегнуваат преработени слатки.

Намалувањето на алкохолот е добро и за бубрезите и за црниот дроб. Тоа има бројни придобивки за човечкото тело.

Кафето, иако е еден од најпопуларните напитоци во светот, има и своја темна страна – кофеинот е „отров“ кој се филтрира преку бубрезите. Ако имате семејна историја на бубрежни заболувања, исклучително е битно да избегнувате кафе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.