Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на „Инстаграм“ соопшти дека и дијагнотицирале рак.

Кога ќе ви кажат дека ви дијагностицирале, прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано. Јас се обидов тоа да не го кажувам, иако дијагнозата ми е од средината на април. Тоа не можеше да се забележи, бидејќи ја имав појавувања“, додаде Петрушевска.

Таа посочи дека ги живее најтешките моменти, задачи и преживувања, но не сака сожалувања.

Имав две операции, се работи за рак на дојка. Минатата година кога јас се оперирав и вадев жолчка, ми кажаа дека треба да ја следам состојбата. Како што спиев, едно ми скокна на десната града, што толку ме заболе, што јас се јавив на мојот д-р Огнен. Ме среди за 24 часа, со тоа што ми обезбеди торакалец, жена, Наташа Толевска, извонреден хирург, додава Петрушевска.

Посочува дека таа живее со дијагнозата и состојбата на телото.

Имам 30 сантиметри рез, кој што ве инвалидизира, лузна, белег, која ве потсеќа на животот кој треба да го живеете, додава Петрушевска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.