Агенцијата за лекови МАЛМЕД претпладнево издаде одобрение за увоз на лекот Трикафта за пациентите од цистична фиброза, објави „Телма“.

Сега зависи од производителот „Вертекс“ и од македонскиот застапник на компанијата да го реализираат увозот.

Станува збор за интервентен увоз на „Трикафта“ за 8 најкритични пациенти. За редовно снабдување со Трикафта и за останатите пациенти на кои им е потребен овој лек за нормален живот и за успешно лекување треба да се сменат три закони.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.