Денеска Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги презентираше наодите од истражувањето со наслов „Перцепции, ставови и предизвици на младите во Македонија“. Настанот, кој се одржа во хотелот „Александар Палас“, ја истакна клучната важност на улогата на младите во обликувањето на безбедносниот и сигурносниот пејзаж на државата.
Амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го отвори настанот подвлекувајќи ја посветеноста на Мисијата кон младите и истакнувајќи ја важноста од вклученоста на младите во напорите за мир и безбедност.
„Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги поддржува младите низ сите димензии на нашата работа, опремувајќи ги со вештините кои им се потребни, давајќи им платформи да го кренат својот глас и работејќи со нив со цел да се обрне внимание на прашања кои им пречат. Гласовите на младите се важни во одржувањето на мирот и безбедноста“, изјави амбасадорот Вал.
Тој истакна дека истражувањето ја покажува клучната важност на вклученоста на младите не само за да се вклучат нивните перспективи, туку да бидат активно ангажирани во идентификувањето и обраќањето внимание на безбедносните ризици на локално и национално ниво.
„Заедно со институциите на државата, младите мора да бидат дел од процесот да обрнат внимание на овие прашања и да дизајнираат решенија. Ова истражува прави обид да биде повеќе од само една колекција и анализа на податоци = тоа е повик за дејствување“, додаде Вал.
Истражувањето содржи детална анализа на младинските перспективи во однос на безбедносни прашања, вклучително и насилство, сајбер-малтретирање и маргинализација. Во него се открива дека многу млади во Македонија се чувствуваат исклучени од процесите на носење одлуки и дека им недостасува доверба во институционалните одговори. Наодите исто така ја истакнуваат загрижувачката распространетост на насилство кај младите, посебно помеѓу младите жени и девојчиња, подвлекувајќи ја потребата за родово сензитивен пристап при креирањето политики.
По презентацијата следеше и панел-дискусија, на која учествуваа клучни засегнати страни како заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исеини, претседателот на Младинскиот образовен форум, Ристо Савески и заменик-претседателот на Унијата на средношколци, Ива Трпески. Панелистите зборуваа за начините кои може да ги подобрат перцепциите на младите за безбедност и да го подобрат дијалогот помеѓу младите луѓе и властите.
Овој настан е клучен чекор кон спроведувањето на Националната стратегија за млади (2023-2027) и нејзиниот Акциски план. Мисијата на ОБСЕ во Скопје останува посветена на соработување со националните институции да развијат ефективни механизми за спречување и обраќање внимание на насилство кај младите и за зајакнување на младинската вклученост во безбедносните работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.