Вински музеј Кавадарци ќе ги донира за младиот Леонид, финансиските средства собрани од хуманитарната изложба ,,Од дете за дете”, информираше вечерва Весела Честоева, директор на оваа културна институција.
– Донесовме одлука со која средствата собрани од изложбата што се реализираше во рамките на Мини ликовната колонија, како и средствата што ќе ги собереме на престојната изложба на 7 септември, да ги донираме за лекувањето на младиот и талентиран Леонид, кој по тешка несреќа што се случила пред две недели, се соочува со сериозен здравствен предизвик, за што неопходна му е нашата помош и поддршка, соопшти Честоева.
Таа апелираше сите заедно да се обединиме во хуманоста и да помогнеме, младиот Лео да закрепне.
– Повикуваме сите да се приклучат со донирање преку повик на телефонските броеви, А1: 143 500 и Телеком: 143 118.
Да бидеме хумани и да помагаме, бидејќи младиот Леонид заслужува да живее, а секој од нас може да се најде на другата страна од приказната. Му посакуваме на младиот Лео брзо оздравување, порача Честоева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.