Во рамките на својата програма за грижа на ранливите групи граѓаните женскиот клуб Inner Wheel Skopje -Europea, за учениците на Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ им подари и инсталира табла со кош за потребите на нивната спортска сала.
Средбата со професорите и учениците беше остварена денеска во ова училиште, каде што претседателката на клубот Лиле Гаговска и членките на овој клуб се дружеа со домаќините и заедно со младите вљубеници на кошарката ги испробаа перформансите на подарениот сет за кошарка.
Лицата со посебни образовни потреби во ова средно училиште имаат шанса да добијат стручно оспособување и образование, а согласно индивидуалните потреби можат и да го продолжат своето образование.
За овој женски клуб ова е првата акција од повеќето планирани годинава. Членките на Inner Wheel Skopje -Europea се обидуваат да ги согледаат потребите на поединци и правни субјекти и несебично се вклучуваат во испраќање на неопходната помош.
Тие во моментов се подготвуваат да испратат парична помош и за граѓаните на Туркије по застрашувачкиот земјотрес, што ја погоди оваа земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.