Шефот на Твитер го откри новото лого на социјалната мрежа, со бел X на црна позадина, што ќе ја замени сината птица. Утрово во објава на Твитер, Линда Јакарино напиша „Х е тука! Ајде да го направиме ова“.

„Твитовите“ исто така ќе бидат заменети, според сопственикот на Твитер Илон Маск, а објавите ќе се нарекуваат „икс“.

Милијардерот ја смени сликата на профилот во новото лого и додаде „X.com“ во својата биографија на Твитер. Маск сака да создаде „супер апликација“ наречена „Х“ – неговата визија за нов вид платформа за социјални мрежи за која тој зборуваше со месеци, пишува „Би-Би-Си“.

Во неделата, милијардерот објави дека сака да го смени логото на Твитер, пишувајќи: „И наскоро ќе се поздравиме со брендот Твитер и, постепено, со сите птици“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.