Серверите на Фејсбук и Инстаграм паднаа во вторникот поради голем прекин на платформите на матичната компанија Мета, штом предизвика хаос ширум светот. Луѓето кои се обидуваа да се логираат на сајтовите и апликациите на двете социјални мрежи добија пораки за грешка и не можеа да ги освежат своите почетни страници како и обично.

Веб-страницата „Даундетектор“ (Downdetector) посочи на стотици илјади пријавени прекини на Фејсбук и Инстаграм.

Речиси 4 милијарди луѓе користат барем една од платформите на ИТ гигантот секој месец (Фејсбук, Инстаграм, Месинџер, Вацап).

По таквиот масовен крах на социјалните мрежи, голем број луѓе почнаа да шпекулираат колку пари изгубил Марк Цукерберг поради згаснувањето на популарните социјални мрежи од час и половина.

Ден Ајвс, директор на „Ведбуш секјутирис“ (Wedbush Securities), за Дејли мејл“ вели дека Цукерберг изгубил приближно 100 милиони долари приход. И цената на акциите на Мета паднаа за 1,5 отсто.

Компанијата најголемиот дел од приходите ги остварува преку реклами кои им се прикажуваат на корисниците, а со „техничките проблеми“ кои ги урнаа платформите, падна и заработката. Малку е веројатно дека Мета ќе открие колку прекинот се одразил на нејзините финансии, изјави Ајвс за „Дејли Меил“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.