Претставничкиот дом на САД со големо мнозинство денеска го одобри нацрт-законот што ќе го принуди ТикТок да се откаже од својот кинески сопственик или да добие забрана во САД.

Пратениците гласаа – 352 „за“ предложениот закон и 65 „против“, во редок момент на двопартиско единство во политички поделениот Вашингтон.
Засега според американски медиуми, не се знае каква ќе биде „судбината“ на законот во Сенатот каде треба да се одобри за да стапи на сила.

Нацрт-законот ќе го забрани TикТок од продавниците за апликации во САД, освен ако платформата за социјални медиуми, што ја користат околу 170 милиони Американци, не биде издвоена од кинеската матична компанија BiteDance.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.