Илон Маск објави видео на кое се гледа како хуманоидниот робот „Оптимус“ на неговата компанија „Тесла“ ги превиткува и дипли алиштата.
На видеото објавено од Маск се гледа како хуманоидниот робот, кој може да помога при извршување на домашните обврски, пере алишта. Маск објаснува дека „Оптимус“ сè уште не може целосно сам да здипли и нареди кошула, но сигурно ќе може во иднина (нема да бара фиксен држач за редење, ниту корпа со само една кошула).
Кога роботот на „Тесла“ првпат беше прикажан во јавноста, тој не беше способен да направи многу. На почетокот на декември, „Тесла“ ја објави втората генерација на роботот „Оптимус“ – „Оптимус Ген 2“.
Оттогаш доби бројни подобрувања, па сега оди 30% побрзо во однос на претходната генерација, тежината му е намалена за 10 килограми, доби бројни подобрувања за рамнотежа и контрола на телото, може понежно да користи предмети, има тактилна чувствителност на прстите и многу повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.