Очилата опремени со вештачка интелигенција (ВИ) во блиска иднина ќе им дадат „супермоќи“ на луѓето, на пример, способност да знаат кога некој ги лаже или некого привлекуваат.

Иако сѐ ова на многумина им изгледа како научна фантастика, футуристот Девин Лидел е убеден дека технологијата сѐ побргу ќе напредува. Во изјава за „Дејли мејл“, Лидел вели дека компјутерските системи за вид вградени во очилата ќе можат да ги соберат емоционалните знаци и нијанси што се невидливи со голо око. Тој верува дека оваа проширена реалност во комбинација со ВИ „ќе го пробрази општествениот пејзаж“ за луѓето.

Во иднина технологијата ќе може да им помогне на луѓето да откријат секакви физиолошки и психолошки информации за другите луѓе, како на пр. кога некој лаже или дали вашиот партнер е навистина заљубен во вас. Очилата би можеле да бидат исклучително клучни во многу области од нашиот живот, а тие „суперсили“ ќе може да се користат во сите видови општествени односи, од политички преговори до работа, па дури и излегување на состанок, вели Лидел.

Според него, раната употреба ќе резултира со сценарија каде што само една личност има супермоќи, што би било неправедно кон другата личност, па фер ќе биде ако секој да добие такви очила.

Од одредени морално-етички причини, би можело да се очекуваат и барања за забрана на таква технологија, вели тој.

Сепак, стручњакот вели дека со соодветна регулација, таа би можела да стане и помала и поевтина, но и достапна за повеќе луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.