Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, најави дека компанијата ќе прави робо-такси, а следната година ќе почне со производство на три нови видови возила.
Маск не изнесе детали за робо-таксито, освен дека „ќе изгледа прилично футуристички“.
Тој најави дека „Тесла“ следната година ќе почне со производство на пикапи „Сајбертрак“ во својата нова фабрика во близина на Остин, Тексас, по што ќе почне со производство на нов родстер и електрична полуприколка.
Маск истакна дека компанијата би можела да почне со производство на роботи во 2023 година.
Следната година ќе има огромен бран нови производи – порача Маск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.