Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска за време на состанокот во Њујорк го повика сопственикот на компанијата Тесла, Илон Маск да отвори фабрика за автомобили во Турција, соопшти турското претседателство.

Ердоган, кој моментално престојува во САД каде присуствува на Генералното собрание на ОН, разговараше и за можната соработка меѓу компанијата за истражување на вселената на Маск, Спејс Икс (SpaceX) и турската вселенска програма.

Во соопштението се наведува дека Ердоган му предложил на Маск соработка во областа на вештачката интелигенција и Старлинк (Starlink), сателитски интернет сервис на Спејс Икс.

Маск рече дека Спејс Икс сака да ја обезбеди потребната лиценца за понуда на Старлинк во Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.