Мобилните телефони добиваат разни нови опции функции од година в година, па една од нив е и препознавањето скриени камери.

Како да проверите дали вашата мобилна камера може да открие инфрацрвена светлина? Со далечинскиот управувач на телевизорот. Едноставно, се вклучува камерата и се насочува кон предната светилка од далечинското. Притиснете некое копче на него и набљудувајте го екранот на телефонот.

За да можат да снимаат при слаба светлина или без услови на осветлување, на пример, камерите за надзор го користат инфрацрвениот спектар светлина. Човечкото око не може да го види, но камерата од телефонот може, понекогаш.

Ако мобилниот уред може да детектира инфрацрвена светлина, таа на екранот ќе се прикаже како трајна или како испрекината светлина. Ако задната камера не може да го прави тоа, треба да се обидете и со предната.

Откривањето инфрацрвена светлина со камерата на вашиот телефон е корисно при проверување за скриена камера ако користите „Ер-БНБ“ или друго приватно сместување, а за коешто честопати се покажува дека не е доверливо. Во такви соби, просторијата се затемнува што е можно повеќе, се пушта камерата на телефонот, а потоа се врши подробно прегледување на просторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.