Милијардерот и инвеститор, Илон Маск, со голема помпа го претстави „Сајбертрак“ (Cybertruck) електричен пик-ап со футуристички дизајн од неговата компанија „Тесла“, за кој веќе се пристигнати милион резервации.

Со гласна музика и возбудена публика, милијардерот пристигна како рок-ѕвезда, обелечен во кожена јакна зад воланот на неговиот „Сајбертрак“ во седиштето на „Тесла“ во градот Остин во Тексас.

Мислам дека ова е нашиот најдобар производ. Тоа е најислучителниот објект на патиштата. Иднината конечно ќе изгледа како иднина“, изјави Маск, фалејќи се на промоцијата.

„Сајбертрак“ е вкрстување на моделот од филмот „Блејд ранер“ (1982) и моделот „Вет Нели“, амфибијата видена во филмот „Шпионот кој ме сакаше“. Подобар е од пик-ап и подобар од спортски автомобил, сѐ е во едно, опиша Маск нештедејќи ги пофалбите за перформансите на неговото возило.

Маск приреди голем спектакл за промоција: пукање со митралез кон вратата на возилото што не остави никакви дупки, трка со Порше 911 (во која победи), влечење градежна машина или ракетен реактор.

Сепак, пазарот на електрични пик-ап возила е веќе конкурентен и возилото на Маск ќе мора да се бори со модели од конструктори како „Ривејн“, „Џенерал моторс“ или „Форд“.

Пред нешто повеќе од 18 месеци, „Форд“ го претстави Ф-150 Лајтнинг, електрична верзија на своето најпродавано возило во САД.

Американскиот пазар високо ги цени пик-ап возилата и конструкторите имаат најголеми маржи на нив.

Основниот модел „Сајбертрак“ ќе се продава за 60.990 долари, значително повеќе од Ф-150 Лајтнинг“, кој има цена од 50.000 долари.

„Тесла“ сега нуди две поскапи варијанти: првата за 79.990 долари, а втората за 99.990 долари, а најскапиот може да достигне 210 км/ч, има опсег на возење од 515 километри и капацитет на влечење од 5 тони.

„Историски ден“

На презентацијата клиентите веќе ги потпишаа своите нарачки, по што следеа овации од публиката.

Некои експерти проценуваат дека продажбата на „Сајбертрак“, поради неговиот необичен изглед, би можела да биде послаба од другите модели од тој вид, но резервациите по цена од 100 долари веќе надминаа еден милион. Илон Маск предвидува дека во 2025 година ќе достигне годишно производство од 250.000 возила.

Телото на возилото е изработено од нерѓосувачки челик за да биде цврсто.

Возилото изгледа кул, но е исклучително тешко да се изработи“, вели Арт Витон, експерт за транспортна индустрија на Универзитетот Корнел.

Поради ова, Витон се сомнева дека „Сајбертрак“ ќе постигне голема продажба, токму поради неговиот дизајн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.