Германскиот производител на автомобили Бе-ем-ве (BMW) повлече 720.796 свои возила во САД поради проблем со пумпата за вода, што може да предизвика краток спој, објави денеска американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (НХТСА).

Неправилно затворениот електричен конектор на пумпата за вода може да доведе до постепено навлегување на вода и потенцијално краток спој, соопшти НХТСА.

Повлечени се некои кросовери, како што се моделите X1 и X5, како и некои лимузини од серијата 5, како и други модели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.