„ТВ Стар“ објави дека извесен Диме добил само 2.750 денари помош на сметка по две и пол години, откако во август 2021 масовен шумски пожар од три страни го зафати Кочани и гореа куќи во неколку населби.
Општина Кочани му исплатила 2750 денари за опожарена куќа како помош, а пресметката ја направила Владата.
Според пресметката, пресметката треба да биде само 5 отсто од штетата, односно тоа е остатокот од разликата што преостанува од осигурувањето.
„После речиси двеипол години по пожарот кој го зафати Кочани, конечно општината ни ја обештети штетата која беше направена. Легнаа на нашата сметка 2750 денари“, објавил Диме на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.