Во Скопје утрово е почувствуван земјотрес чиј епицентар бил на 26 километри североисточно од главниот град односно во соседна Република Косово.

Земјотрес се случил во 8:28 часот и како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, бил со Рихтерова локална магнитуда ML2,8 и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.