Земјотрес, кој посилно беше почувствуван во западниот дел на Македонија, но и во делови од Албанија е регистриран во 22 часот и 36 минути по локално македонско време.

Според првичните информации на Европско медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот е со јачина од 3.2 степени по рихтер. Земјотресот е на 15 километри од Цетар Жупа, односно на 42 километри од албанскиот град Елбасан кој има популација од околу 100.000 жители.

Земјотресот е на длабочина од 2 километри. Повеќе информации се очекуваат подоцна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.