Земјотрес со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала утринава беше почувствуван од населението во Битола, Ресен и околината.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот кој потекнува од Битолското епицентрално подрачје е регистриран во 6:15 часот на 106 километри јужно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.