Пријатните и топли денови се последица на циклонот Лесли кој во моментов е актуелен во Шпанија и кој ни носи топол воздух. Меѓутоа поради силниот Азорски антициклон веќе од следната недела се очекува забележително заладување. Заладувањето на почетокот на ноември се предивидува и според моделот на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози.
Според најновите извештаи на прогностичките модели, и тоа на двата најажурни модели, Европскиот модел (ECMWF), како и на Глобалниот модел (GFS), до самиот крај на овој месец продолжува стабилното, суво и сончево време со натпросечно високи температури на воздухот преку ден, но наутро останува релативно студено и со појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини
Сепак, најновите ажурирања на истите, стои во метео прогнозата на Славчо Попоски, на почетокот на ноември месец, цртаат голема промена на времето и спуштање на многу поладен воздух од северот и од североистокот на Европскиот Континент кон Балканот и Македонија.
Во ваква ситуација, очекуваме вистински зимски температури уште во почетокот на ноември месец, како и прво провејување на снег понекаде и во градовите ширум Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.