Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека покрај досега пријавените пожари, попладнево избија два нови тешки пожари на отворено, првиот на територијата на општина Петровец, во атарот на с. Градманци а се движи во насока на с. Катлановска Брезница.
„Вториот, на територијата на општина Гевгелија, во атарот на с. Негорци каде огнот се приближи на 50 до 100 метри до првите куќи. Поради загрозеност на луѓе и куќи итно пренасочивме еден армиски хеликоптер“, вели Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.