Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јуни, Собор на 12- те апостоли – Павловден.
Вториот ден од завршувањето на постот е празник на сите 12 Апостоли. Така и се вика празникот: Собор на 12 Апостоли, и тоа е нивен главен заеднички празник, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн. Апостолите се слават како темели на црквата, што навистина се, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примија благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот. Уште повеќе затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на вселената.
На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.
Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи за од пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.