УХМР за денеска прогнозира многу топло време и високи температури кои во целата земја, и во високите места, ќе биде над 30-тиот степен, а во пониските котлините ќе биде околу 40-сетиот степен. Во Скопје се прогнозира максимална  температура од 40 степени, додека во југоисточниот дел од Македонија, како во Гевеглија, Дојран и Струмица, се очекува да се искачи до 42-иот степен. УВ-индексот ќе биде многу висок, 10.

Минималните температури рано утрово изнесуваа од 16 до 19 степени, а максималните ќе се движат во интервалот од 30 до 42 степени. Ќе дува јужен ветер со умерена сила.

Во Маврово се очекува температура од 30 степени, во охридско-преспанскиот регион до 34 степени, во источните повисоки краеви ќе се искачи до 35 степени, во североисточниот дел до 36 степени, во Полог и Пелагонија до 37, а од скопската котлина вдолж Повардарието до Гевгелија температурите ќе се движат од 40 до 42 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.