Од мај идната година граѓаните на земјите од Западен Балкан кои не се дел од ЕУ, меѓу кои спаѓа и Македонија, ќе треба да плаќаат седум евра за виза за влез во земјите од Шенген зоната. Оваа мерка покрај за граѓаните од Македонија ќе важи и за државјаните на Србија, БИХ, Црна Гора, Молдавија, Украина и од Велика Британија.

Илва Јохансон, европскиот комесар за внатрешни работи, потврди дека Европскиот систем за информации и овластување за патување (Етиас), според кој македонските и другите граѓани ќе треба да аплицираат за укинување на визите пред да влезат во ЕУ, најверојатно ќе стапи на сила од мај следната година.

Етиас ќе важи и за државјани на други земји на кои не им се потребни визи за влез во ЕУ, како што се САД, Канада и Австралија. Системот Етиас ќе бара од државјаните кои не се членки на ЕУ да аплицираат за дозвола од седум евра пред да влезат во Шенген зоната. Дозволата ќе трае три години или до истекот на пасошот на патникот.

Патниците ќе мора да дадат лични податоци, како што се адреса и вработување, и контакт. Повеќето барања се очекува да бидат одобрени во рок од неколку минути, но некои одлуки може да потраат до 72 часа.

ЕУ потврди дека системот за влез и излез (ЕЕС) за земјите од Шенген зоната ќе почне да работи на 10 ноември.

EEС ќе бара од патниците да обезбедат биометриски податоци, како што се отпечатоци од прсти и фотографии на лицето на границата. Оваа мерка има за цел да им го отежне влезот на криминалците или терористите во ЕУ со лажни пасоши.

Македонските граѓани ќе мора да вадат патни дозволи за 26 земји во Европа кои се дел од Шенген зоната: Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Летонија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Швајцарија.

Од 2028 година тука ќе бидат вклучени и Бугарија и Романија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.