Повремени врнежи од дожд ќе има утре кон крајот на денот и во четврток. Утринските температури утре ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните од 9 до 17 степени. Во Скопје утринската температура ќе достигне до 5 степени, а дневната до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во сабота во текот на ноќта и во недела под влијание на нов влажен бран се очекуваат пообилни врнежи од дожд. И во следните денови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, информираат од УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.