Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, на места во форма на невреме.
Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 28 Целзиусови степени, Маврово 20, Охрид 24, Битола 26, Крива Паланка 25, Берово 24, Кавадарци 28, Дојран 31.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Дневните температури ќе се движат од 21 до 32 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.