Променливо облачно со сончеви периоди и постудено, претпладне претежно во јужните делови со услови за локален снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени.

Во Скопје студено и променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 2 степени.

Висината на снежната покривка утрово е 25 сантиметри во Дебар, Маврови Анови, 22 во Битола, 21 на Попова Шапка, 18 во Демир Капија, 16 во Тетово, 15 во Берово, 14 на Ѓуриште, Претор, 12 во Охрид, 10 во Струмица, Дојран, 9 во Скопје – Петровец, 7 во Прилеп, 6 во Крива Паланка, Штип, 1 во Крушево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.