Поради изведба на градежни активности за реконструкција на коловозот во насока на движење од улица „16-та Македонска бригада“ до булеварот „Киро Глигоров“ денеска во периодот од 7:00 до 15:00 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај на улицата „808“ во населбата Автокоманда, информираат од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје.

Реконструкцијата ќе се одвива фазно, односно при изведбата на градежните активности ќе биде затворена едната, а потоа и другата коловозна лента од улицата „808“ и работите ќе се одвиваат со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, велат од ЈП „Улици и патишта“.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.