Поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот од задутре ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола, информира АМСМ.
Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект и е со важност од шест месеци, односно се до завршување на градежните работи. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот, велат од АМСМ.
Нагласуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.