Најниска температура во земјава утринава е измерена во Берово 0 степени, на Попова Шапка и Крива Паланка 5, Струмица и Крушево 6, Виница и Лазарополе 7, во Штип и Маврови Анови 8, Прилеп, Скопје-Петровец, Претор, Куманово и Кавадарци 9, Охрид, Битола и Велес 10, Тетово, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија 11 и Демир Капија 13 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд претежно во јужниот дел од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне до 19 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.