Поради маглата на неколку патни правци низ државата е намалена видливоста.
Како што попладнево соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“ намалена видливост од 100 до 150 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Неготино – Демир Капија – Удово, Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 50 до 60 метри на патните правци Штип – Радовиш – Струмица, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Кочани – Виница и Велес – Штип и до 100метри на патниот правец Свети Николе – Куманово и на планинскиот превој Плетвар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од „Македонија пат“ информираат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Оттаму посочуваат дека дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. За сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.