Нискобуџетната авикомпанија Визер во зимската сезона која почнува на 27 октомври планира да редуцира дел од линиите од Скопје, но на одделни дестинации ќе го зголеми бројот на неделни полети од Скопскиот аеродром. Причина за ваквата постапка на авиокомпанијата е проблемот со флотата и инспекцијата која се врши на сите авиони поради проблеми со моторите.
Компанијата сега има приземјено 40 авиони, пишува Ex-Yu Aviation News.
Од 27 октомври кога почнува зимскиот ред на летање авиокомпанијата ќе намали 9 линии од Скопје, иако претходно планираше да има поголем број линии.
Според новиот план на летање, неделните летови од Скопје до Шарлроа и Ајндховен се намалуваат од 5 на 4, за Берлин од 5 на 3, за Келн, Милано и за Хамбург од 4 на 3, за Хан и за Болоња од 3 на 2 и за Малта од првично планираните 4 неделни ротации на 3 неделни.
Како што беше претходно објавено, авиокомпанијата ја прекина продажбата на билети за зимата 2024/2025 на услугите од главниот град на Македонија до Бремен, Копенхаген и Стокхолм Скавста. Од друга страна, услугите кон Нирнберг ќе се зголемат од 2 на 3 неделно, за Малме од 3 на 5 неделно, а за Лондон Лутон ќе порасне од 3 на 4 неделни летови.
Визер претходно најави дека планира да се врати на растот на своите фреквенции и мрежа надвор од своите бази во Скопје од летото 2025 година, и покрај проблемите со моторот, кои се очекува да ги има уште 2 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.