Месецот август бележи висока фреквенција на граничниот премин „Ќафасан“, каде што од почетокот на месецов функционира заедничко управување на граничните и царинските контроли со едно застанување, објави „Топ чанел“.
Во последните 24 часа преку овој премин на албанска територија за влез се регистрирани 2.890, додека на излез 2.057 патници.
Главно станува збор за иселеници или странски државјани, кои доаѓаат на одмор во Албанија или кои заминуваат по завршувањето на одморот. На овој премин поради големата фреквенција во одредени периоди од денот има задржувања и до еден час од македонска страна за што е потребно зголемување на шалтерите, кои во моментов ги има три, наведува телевизијата.
Од 1 август досега повеќе од 70 илјади лица се регистрирани за влез и излез, од нив за влез од Македонија во Албанија се околу 42.000 албански и странски државјани.
За неколкупати зголемена фреквенција има и на другите гранични премини на албанско-македонската граница. Тоа пред се на „Блато” кај Дебар, зашто по изградбата на автопатот „Руга е Арбрит” (патот на Арбр) оддалеченоста од преминот до Тирана е намалена на 80 од претходните над 180 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.