Продолжува периодот на стабилно време со студени утра и со услови за појава на утринска магла или ниска облачност по одделни котлини. Дневната температура ќе биде без значителни промени.

В сабота нѐ очекува студено утро со услови за појава на магла по одделни котлини.

Преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб југоисточен ветер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.