Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура е во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени Целзиусови.
Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.
Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.