Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со слаб локален дожд, а од пладневните часови на повисоките планини во западните делови со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура е во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, а претежно во планинските региони ќе има услови за локален дожд.

За време на викендов ќе почне да дува засилен јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст. Нестабилно време со повремено пороен дожд проследен со грмежи ќе има на почетокот на следната работна недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.