Како што се чини, непредвидливото време продолжува да нè изненадува со неговите промени, а докторите предупредуваат особено да бидат внимателни сите со хронични болести поврзани со кардиоваскуларниот систем и оние кои се особено погодени со температурните разлики и промените во притисокот.
Според cтpyчните лица, несомнено човечкото тело знае како да се прилагоди на промените, но ваквите нагли и драстични временски промени во температурите се предизвик за сите нас, не само за лицата со кардиоваскуларни болести.
Честите промени во атмосферскот притисок, како последица на климатските промени, несомнено се одразуваат и кај луѓето. Тоа е највидливо кај кардиоваскуларниот притисок, процесот на дишeње, особено кај acтматичарите, xpоничната опcтруктивна болест и кардиоваскуларни заболувања.
Метеорологот Славчо Поповски прогносираше дека според метеоролошките анализи, нè очекува топла есен. Тој истакна дека иако претпаднето денот може да биде сочнев и топол, сепак, попладнето во овој период е нестабилен, врнежлив и значително посвеж и тоа поради влијанието на висински циклон и на влажна и нестабилна воздушна маса.
Според моменталните анализи со кои располагаат, се очекува т.н.„индиско лето“, односно натпросечни високи температури, но и денови со невремиња и пониски температури.
„На вакви временски непогоди какви што имаме деновиве треба да се навикнеме. Тие ќе бидат и многу посилни за жал во следните години“, вели Поповски.
За вечерва и во текот на ноќта, тој повторно најави поголема нестабилност и услови за ново невреме. „Во текот на денешниот ден и утре преку ден времето ќе биде стабилно и суво со многу повеќе сонце, додека утре навечер и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на краткотрајно НЕВРЕМЕ. Потоа во текот на следната седмица времето ќе биде претежно стабилно и суво и со многу повеќе сонце. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени“, објасни метопрогнозерот Славчо Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.