Времето утре ќе биде особено топло во целата држава, а в петок само во јужните делови, кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. В петок максималната температура ќе се искачи до 43 степени.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.
Во Скопје утре ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринскатата температура ќе биде 19, а максималната 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 10.
И за викендот ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24 степени, а максималната од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 9. мд/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.