Во недела (8.05.2022 год), поради одржување на уличната трка Халк Еко „Скопје трча 10 км“, во периодот од 8 до 11.30 часот, линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а, 59 и 60 ќе возат по изменет режим од вообичаениот.
Линиите 2, 4, 11, 11а, 12, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а и 60 во правец кон Ѓорче Петров, кога ќе пристигнат кај ТЦ „Сити мол“ ќе вртат лево по улица Московска, па десно по улица Војвода Васил Чакаларов и од Порта Влае, секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса. Во обратна насока, сите ќе сообраќаат по вообичаената траса.
Линијата 8 од мостот „Гоце Делчев“ по булеварот ВМРО, ќе продолжува по булеварот Партизански одреди сѐ до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по улицата Московска, па десно по улицата Војвода Васил Чакаларов и кај Порта Влае ќе продолжува кон својата почетна постојка. Во обратна насока, сѐ до Соборен хром ќе сообраќа по булеварот Партизански одреди, па по булеварот ВМРО, мостот „Гоце Делчев“, па по својата вообичаена траса.
Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец од Карпош 3 према Центар ќе сообраќаат по улица Карпошово востание, улица Бледски договор, булевар Партизански одреди од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.
Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15.
Линиите 15, 15А и 19 во Карпош, за терминал ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.