За време на викендов ќе преовладува сончево и топло време. Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време, но во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, особено во вторник, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури утре ќе се движат од 5 до 11 степени, а дневните од 15 до 24 степени. Во Скопје утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 23 степени, информираат од УХМР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.