Најстудено утрово беше во Берово каде е измерен минус еден степен, во Лазарополе е измерен еден степен, во Битола два, во Маврови Анови и Попова Шапка три, а четири степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Демир Капија и Струмица. Највисока температура од осум степени беше измерена во Дојран, информираат од УХМР.
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.
Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.