Во Берово изутрина во 8:30 часот се измерени 2 степена Целзиусови, како и во Лазарополе, 3 во Скопје – Петровец, Крива Паланка, Струмица, Битола, Маврови Анови. Во Тетово температурата изнесувала 4 степени, 5 во Демир Капија, Попова Шапка, Прилеп, 6 во Виница, Штип Претор, Крушево, Куманово, Дебар, Скопје – Зајчев Рид, 7 Охрид, 8 Гевгелија и 10 степени во Дојран.

Како што информира УХМР, во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево и студено со мала до умерена локална облачност претежно во Повардарието. Дува слаб ветер од променлив правец, а магливо е во делови од скопската котлина.

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степени Целзиусови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.