Утре претпладне, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 26 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.