Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (четврток) ќе има прекини во водоснабдувањето на неколку локации.
– Поради изведување на водоводен приклучок Ф-100мм на ул.Гаврил Лесновски 4 во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Гаврил Лесновски, Софиска, Бриселска, Копенхагенска, Његошева, Петар Драганов и Стокхолмска водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09.00 часот до санирање на дефектот (општина Карпош) и
– поради изведување на водоводен приклучок Ф-100мм на ул.Хелсинки 54 во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Хелсинки, Нобелова, Варшавска и Лондонска, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот (општина Карпош).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.